Центарот за современи уметности – Скопје
објавува:
ПОВИК
до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат
предлог проекти/изложби во
Мобилна / Монтажнагалерија (Локација: Парк на франкофонија)
кои ќебидатфинасиски поддржани од страна на Центарот
во текот на 2019 година
Во рамките на своите напори за создавање долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување, Центарот за современи уметности Скопје овозможува Финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната / Mонтажна галерија како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.
Овој Повик кој го објавува Центарот се однесува на финасиска поддршка на 5 проекти.
Проектите можат да бидат самостојни или групни ликовни проекти, мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани до крајот на ноември 2019 год. во соработка со Центарот за современи уметности Скопје.
Финансиската поддршка на проектите ќе биде до 35,000.00 ден. (бруто износ од проект)
Оние настани коишто нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата во текот на 2019 година.
Проектите ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.
Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на авторите.
Пријавата за апликација на следната адреса: www.cac.org.mk
Дополнителни информации:
Центар за современи уметности – Скопје, Македонија
Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје
тел/факс: 02 3 133 5 41
e-mail: scca@scca.org.mk
Краенрокзапријавување: петок, 29 март 2019, до 16,00 ч.
Спроведувањето на проектот Изложби во „Мобилна монтажна галерија“ на Центарот за современи уметности Скопје е поддржан од Општина Центар и Град Скопје.