Дрвата во Расадник родија згради

Акција посветена на борбата за зачувување на јавнитe простори и јавното зеленило

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот“. Ова е реакцијата на граѓански активисти кои утрово направија герила акција на просторот кај Расадник во Кисела Вода каде е планирана изградба на 100 нови згради. Тие потсетуваат дека овој предел некогаш бил периферија на градот, а градот е тој што се развивал и растел околку него. „Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во просторот Расадник денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат“.

The trees in Rasadnik gave birth to buildings, 12.11.2019

Action dedicated to the fight for preserving public spaces and public greenery

“Macedonia is a land of miracles, miracles happens every day everywhere around us, and we can only wonder. The strangest thing is that in one of the most polluted cities in the world and in one of its already densely populated part, that has a huge pollutant factory, the municipalities want to build no less than 100 new buildings in a space that is an oasis of nature in the center of the city”. This is the reaction of civil activists that made a guerrilla action this morning in the area near Rasadnik in Kisela Voda where the construction of 100 new buildings is planned. They remind us that this area was once the outskirts of the city, and the city is the one that developed and grew around it. “That’s why it remained an island of biodiversity, in the space Rasadnik still live a large number of wild rabbits, partridges, foxes, pheasants, turtles, hedgehogs, woodpeckers and dozens of other species of birds, small mammals, reptiles and insects. Today the trees in Rasadnik evolved and gave birth to buildings, tomorrow the rabbits may protest.”

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk