Ден на гравот претставува локална манифестација која е широко препознаена во Долни Полог, централните активности секогаш се одвиваат во с. Теарце. Оваа манифестација е иницирана пред 11 години во заедничка соработка на Центарот за современи уметности Скопје и Центарот за едукација и развој од Теарце кој редовно ја организира секоја есен.
Оваа година поради пандемијата на Ковид 19, манифестацијата Ден на гравот, не можеше да се организира во традиционалниот формат со активности кои предвидуваат масовна посетеност и учество на граѓаните. Заради тоа, но и сакајќи да се задржи континуитетот заедно со Центарот за едукација и развој од с.Теарце решивме да изработиме просторна скулптурална интервенција во форма на зрно грав и на тој начин да го одбележиме 11-тото издание на Ден на гравот.
кулптуралната целина е дело на скулпторот Љубиша Камењаров кој на визуелно експлицитен начин го поврзува локалниот контекст на поврзаноста со земјоделитето и производството на грав и љубовта кон оваа замјоделска култура која е една од најзначајните за локалните земјоделци. Токму затоа, зрното грав завиено во срцевидни листови прекрасно ја покажува поврзаноста на земјоделците од овој регион со нивната посветеност на производството на тетовскиот грав.
Сметаме дека ваквиот тип на просторни интервенции не само што го оплеменуваат и разубавуваат јавниот простор туку значително придонесуваат да се зачува автентичниот локалене културен контекст и заедничките вредности на населението од различна етничка и верска провииенција во с.Теарце и околината. Едновремено ваквиот тип на интервенции ги промовираат современите културни и практики како нешто што е блиско и препознаено од заедниците, рушејќи ги стереотипите за елитизмот на современите уметности и нивната непрепознаеност од луѓето.