„Држете растојание” за доброто на сите!

Акција посветена на борбата со Корона вирусот

Акцијата „Држете растојание” настаната во екот на пандемијата на COVID-19 вирусот има за цел на директен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето, да ги минимизираат своите контакти и на тој начин да се заштитат себеси и другите од вирусот. Воедно, преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните.

Во оваа акција преку јазикот на уметноста се обидуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да придонесе и да влијае за да го информира населението за мерките за самозаштита кои треба да се преземаат. Уметниците и активистите преку она што знаат да го прават најдобро, преку своите дела, можат на интересен и несекојдневен начин да го подигнат нивото на свесност за оваа особено важна тема.
„Држете растојание” е акција која ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје. Им изразуваме огромна благодарност за нивната посветена работа.

“Keep your distance” for the overall good! 16.03.2020

Action devoted to the fight with the Corona virus

 The “Keep your Distance” campaign at the height of the COVID-19 virus pandemic aims in a direct and visually explicit way to remind citizens to keep a distance, to avoid crowds, to reduce handshakes, to minimize their contacts with other people, etc. to protect themselves and others from the virus. At the same time, through the action we want to remind the citizens to respect the recommendations and to adhere to the instructions issued by the authorities.

With this action through the language of art we tried to communicate the messages to prevent the spread of the dangerous virus. As artists and activists, we cannot remain silent in such situations, and we believe that in these difficult times, everyone should contribute and influence to inform the population about the self-protection measures that need to be taken.

Artists and activists, through what they know how to do best, through their works, can in an interesting and unusual way raise the level of awareness for this particularly important topic. “Keep your distance” is an action that we dedicate and gift to the medical and health professionals who are struggling day and night to preserve the public health. We express our gratitude for their dedicated work.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk