Акција посветена на борбата со Корона вирусот
Уметничка акција „Седете дома“ која е изложена на плоштадот „Македонија“ во Скопје во екот на пандемијата на COVID-19 вирусот има за цел да ги потсети и охрабри граѓаните да седат дома и да се придржуваат на мерките за изолација и физичка дистанца. Уметничката акција е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против пандемијата. За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, но и синоним за почитување на мерките и наредбите, бидејќи во скопскиот сленг терминот „папучар“ најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапно и секвенцијално од различни автори. Со оваа акција, сакаме да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Oваа акција е посветена на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас.
Be a “Papuchar”, stay at home! – 15.04.2020
Action devoted to the fight with the Corona virus
The art action “Stay at home”, which is on display on the “Macedonia” city square in the wake of the pandemic of the COVID-19 virus aims to remind and encourage people to stay at home and follow the measures for self-isolation and physical distance. The art action is designed to help citizens endure in physical isolation and minimize going out in these moments when self-isolation is perhaps the most effective way to fight the pandemic. For the performance of this intervention, we chose slippers that are synonymous with staying at home, but also a synonym for respecting the measures and orders, because in our slang, the term “papuchar” (derived from the Macedonian word for slipper) is most often used for someone who irresponsibly follows orders and advice, and in these moments we think that’s exactly what we need. With this action, we want to show that art and culture are with the citizens even in these difficult moments and that we must all be united to return our lives to normal. This action is also dedicated to the health workers who sacrifice themselves every day for a better tomorrow for all of us.