Патокази и Информативна табла за црквата Св. Ѓорѓија, Курбиново и Информативна табла за Преспанскиот регион

Локалната иницијатива е реализирана од страна на тимот на Центарот за современи уметности Скопје и локалните партнери: МЗ Курбиново, Младинско здружение за алтернативен туризам Повик – Битола/Ресен и општина Ресен.

Финасиски поддржано од Министерство за култура за 2020, интердисциплинарни проекти.

Преспа / Курбиново

Свиен во пазувите на Пелистер и Галичица Преспанскиот регион претставува ризница на природното и културното наследство. Преспа е место каде со векови се преплетувале традициите, занаетите, иновациите и се уживало во прекрасната природа. Регионот изобилува со културно историски споменици од сите периоди почнувајќи од предисторијата (Наколец) па се до модерното доба, а претставува и сложен и исклучително богат еко систем во кој живеат голем број растителни и животински врсти. Целиот регион е добро поврзан со патна инфраструктура и заради тоа е лесно достапен и вреди да се посети секое од населените места во преспанскиот регион, бидејќи секое место нуди посебна приказна и посебно доживување.  Бисерот на културата, културното наследство не само на Преспа туку и на Балканот е црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, иако е дел од светското културно наследство за жал е слабо посетена, посетителите имаат проблем да ја најдат а и кога ќе ја најдат поради реставраторските работи е најчесто затворена за посетители немаат никаква информација каде се и што гледаат.

Со оваа иницијатива поставени се 20 патокази за пристап до црквата св. Ѓорѓија, Курбиново и голема информативна табла на македонски и англиски за историјатот на црквата и уште една информативна табла за знаменитостите на поширокиот преспански крај. Информативните табли се поставени во непосредна близина на црквата, но вон споменичниот комплекс каде посетителите ќе можат да ги прочитаат сите детални и потребни информации за овој споменик на културата и преспанскиот регион.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk