Во изминатиот период Центарот за соверемени уметности Скопје во соработка со Извидничкиот одред Армонија од Виница и локалниот Младински велосипедски клуб од Виница зеднички работеа на уредување и рехабилитацијата на просторот на спомен облежје на загинатите партизани во месноста Вршидол, во близина на Виница на ограноците на планината Плачковица.
Идејата на оваа Локална иницијатива е да се уреди пристапот и просторот околу партизанскиот споменик кој досега беше заборавен од страна на надлежните.
Во рамките на Локалната иницијативата изработени се и поставени клупи за одмор, комплетно е уредена и обновена околината на споменикот, расчистени се пристапните патеки и поставени се патоказни табли. Самиот споменик односно споменичната целина е освежена и направена достапна за јавноста.
Споменикот е подигнат во чест на паднатите борци за слобода: Ванчо Прке, Ванчо Китанов, Александар Митрев и Tодор Дончов Арсов, кои како истакнати партизани и скоевци ја организирале и предводеле антифашистичката борба во овој дел на Македонија, загинале во воените дејствија во непосредна близина каде што се наоѓа споменикот по дојава на фашистичките колаборационисти и шпиуни на 21 мај 1943.
Проектот е спроведен од страна на Центар за современи уметности Скопје со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија.