Kлиматските промени се почесто ги чуствуваме на сопствената кожа, веќе не е прашање дали ќе се случат туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија.
Идејата на оваа акција е да се потсетат граѓаните и да се подигне јавната свество Македонија за што е можно поодржливо користење на природните ресурси во прв ред шумите и водата кои за жал се сериозно загрозени (илегална и прекумерна сеча, мали проточни хидроцентрали кои го уништуваат биодиверзитетот). Акцијата Климатска клацкалка преку сантата мраз која на скопските горештини интензивно се топи едновремено го претставува и топењето на глечерите и северниот пол кој е сериозно загрозен и се претпоставува дека во наредните децении може да се случи негово целосно топење. На другата страна на клацкалката е планетата Земја која засега е високо над огнот но како се топи мразот клацкалката се спушта кон огнот и го најавува пеколниот период кој ни претстои ако не превземеме големи и брзи чекори за намалување на глобалното затоплување кое несомнено ќе не погоди сите и никој нема да биде поштеден.
Акцијата е спроведена од страна на Центарот за современи уметности Скопје и финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.