Центарот за современи уметности – Скопје
објавува:
ПОВИК
до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат
предлог проекти/изложби кои ќе бидат реализирани во
Мобилна / Монтажнагалерија
во период септември – ноември 2021 година
Во рамките на своите напори за создавање долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување, Центарот за современи уметности Скопје овозможува Финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната / монтажна галерија (локација: Парк на франкофонија) како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.
Повикот кој го објавува Центарот се однесува на финасиска поддршка на 3 проекти.
Проектите можат да бидат самостојни или групни проекти, мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани во период септември – ноември 2021год. во соработка со Центарот за современи уметности Скопје.
Финансиската поддршка е во износ од 30,000.00 ден. (бруто износ)
Оние проекти коишто нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата.
Проектите ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.
Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на авторите.
Пријавата за овој повик можете да ја симнете од веб страната: www.cac.org.mk
Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да ги добиете во канцеларијата на Центарот од 8.00 – 16,00 ч.:
Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје
тел/факс: 02 3 133 541
e-mail: scca@scca.org.mk / anita@scca.org.mk
Подготовката и реализацијата на проектите ќе се спроведува со почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.
Краен рок за пријавување: 10 август 2021 год.
Спроведувањето на проектот Изложби во и вон „Мобилна монтажна галерија“ на Центарот за современи уметности Скопје е поддржан од Министерстви за култура на РСМ и Општина Центар.