Драганчо Таневски „Едукативна меморија“,

„Едукативна меморија“ е мултимедијална и интерактивна уметничка инсталација која е составена од фотографии, видео проекции, звук и рачно изработена хартија.

 „Едукативна меморија“ е дел од проектот Green Canvas преку кој се етаблира одржливоста како принцип на дејствување за користење на ресурсите, во кој треба да се гарантира трајно задоволување на потребите со зачувување на природниот регенеративен капацитет на вклучените системи (особено на човечките и еколошките системи). Одржливоста вклучува преземање акција во моментот за да се овозможи иднина каде што животната средина и условите за живеење се заштитени и подобрени.

Преку овој проект ние сакаме да ја поддигнеме свеста на заинтересираните и помалку заинтересираните граѓани преку игри и информативни видеа за тоа каков допринес имаат и колку се важни секојдневните навики на секој поединец за оддржување и зачувување на животната средина.

 Драганчо Таневски е роден 1993 год. во Велес. Матурираше во ДСУПУ „Лазар Личеноски“, Скопје во 2012 год. и веднаш потоа се запиша на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на додипломските студии по графика. Во учебната 2015/16 год. беше демонстратор на катедрата по графика. Дипломираше на Факултетот за ликовни уметности – Скопје како графичар и графички дизајнер во класата на ред. проф. Славица Јанешлиева во 2017 год. Добитник е на наградата за најдобра графика на изложбата Young Art 2015, Скопје – Агенција за млади и спорт на Р.Македонија. Од 2018 год. работи како наставни по ликовно образование во ООУ ,,Тодор Јанев,, н. Чашка и ООУ ,,Петар Поп Арсов,, с.Извор.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk