“Архитектот ја зaмислува театарската позадина, го пишува сценариото и ги насочува одговорите”, (Чуми).

Со превземање на примерот на деконструктивниот пристап на Чуми, авторот има за цел да ја анализира концептуалната темпоралност својствена на ова поднебје.


Концептуалната конфузија што се огледува во сите аспекти од нашето постоење изминативе неколку децении, природно се манифестира врз архитектонскиот израз како некохерентна мешавина од различни пристапи, која во својата потрага по личен идентитет резултира со конфузен архитектонски израз олицетворен во општиот урбанистички хаос и Скопје 2014.
Во отсуство на кохеретен национален наратив се јавува потреба за концептуална катарза, која би не натерала да се запрашаме кој е нашиот личен автентичен идентитет.

Андреј Ѓеоргиевски, Скопје, Р.Македонија
Образование: ENSA – Lyon 2013-2015, Архитектонски Факултет – Скопје 2015-2021
Групна изложба: изложба во склоп на Бела Ноќ 2020 на тема Пантареј
Контакт : Instagram – @dre_gyg