Уметничка акција „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“

Уметничката акција „Допри ме“ беше спроведена во центарот на Скопје од неколкумина активисти и истата беше посветена на малечката Ембла, чие што отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не ‘потсети на нетолерантноста на сите нас кон се’ на она што е различно.

Со оваа акција сакаме да укажеме дека „Овој случај мора да не потсети и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации, но не на очиглед на јавноста“.

Активистите на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“, надевајќи се дека на тој начин ќе се оствари директен контакт со граѓаните и ќе се сензибилизира јавноста за овој проблем и барем малку ќе се придонесе кон зголемувањето на толеранцијата кон различните.

Интересен е податокот дека во рамките на акциија која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа, од околу 3000 минувачи кои поминале во непосредна близина на активистите – само поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе оствариле контакт односно ги допреле активистите. 

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk