Скулптурална инсталација – Воз, Богомила, Општина Чашка

Автор: Андреј Миневски, скулптор

Богомила е еден од најзаборавените предели на Македонија, иако претставува предел со исклучително богато природно и културно наследство. Истражувајќи низ регионот на “Азот„ (општина Чашка) и разговарајќи со локалните жители и иселениците од Богомила утврдивме дека децениски луѓето од тој крај се поврзани со железницата кој низ изминативе скоро 100 години станала дел од нивниот идентитет. Ова најверојатно се темели на фактот што Богомила многу доцна е поврзана со Велес (и Прилеп) со пат а одамна е поврзана со остатокот на светот преку железнички линии. Всушност самиот терен/релјеф каде што се наоѓа Богомила е тежок ридско планински крајолик низ кој се пробива железничката пруга. Историски уште од периодот на градбата на пругата 1929-1936-та многу луѓе од Богомила работеле на градбата на пругата а по нејзиното завршување голем дел од работниците останале да работат во железница. Овој тренд
продолжил и по Втората светска војна и се до ден денес огромен број железничари, машиновозачи и друг железнички персонал има потекло од Богомилско. Едновремено пругата сеуште претставува главна комуникација за жителите од тој крај. Водени од овие констатации заедно со локалното население и претставници на Општина Чашка решивме во Богомила да креираме уметничко скулптурална интервенција со наслов „Воз“ која всушност претставува уметнички адаптирана изведба на парните локомотиви кои до доцните 60-ти сообраќале на оваа пруга по што биле заменети со дизел локомотиви. Делото „Воз“ е изработка на младиот скулптор Андреј Миневски, склуптурата е дело во комбинирана техника со доминантно метални елементи. Скулптурата „Воз“ е поставена на централно место во Богомила на местото кое што локалното население го вика „Римски мост“ (иако „Римскиот“ мост е од турскиот период). Скулптурата за кратко време предизвика голем интерес и стана локална атракција која ја посетуваат луѓето од целиот крај но и туристите кои го посетуваат регионот на Азот. При реализацијата на оваа скулптурална инсталација имавме голема помош и подршка во делот на логистиката од страна на Општина Чашка.

Проектот е финасиски и логистички поддржан од Министерство за култура на РСМ, Општина Центар и ФООМ.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk