Скулптурална инсталација: Враќање на Партизанот, С. Ростуше, Општина Маврово-Ростуше

Автор: Адем Сулејманоски, уметник

Идејата за оваа скулптурална интервенција доаѓа од с.Ростуше – Општина Маврово-Ростуше предел со исклучително партизанско и антифашистичко наследство и бројни паднати жртви за време на Втората светска војна. Во овој контекст идејата на скулптуралната интервенција “Враќање на партизанот“ на ликовниот уметник Адем Сулејманоски од с.Ростуше претставува приднос кон зачувување на нашето антифашистичко наследсто. Имено во с. Ростуше постои Дом на културата изграден кон средината на триесетите години кој во тоа време служел како “ Кралска Соколана“ за развој на младите. По војната објектот е преименуван во “Дом за ДТВ духовно и телесно воспитување„ кој што служел како Задружен дом и Дом на културата. Во доцните 40-ти некаде 1949-1950-та на фасадата на Домот за култура директно на влезната партија е поставена релјефна целина која ја симболизира aнтифашистичката борба. На претставата се изведени флорани елементи и фризови врз кои е поставен и доминира Партизан (без лични обележја). Релјефот бил направен од лиени малтерно бетонски елементи во натуралистички стил. Авторот на релјефот не е познат се претпоставува дека е донесен од Скопје и само е аплициран на фасадата.

За жал и заради невнимание и немање однос кон наследството при санацијата и реконструкцијата на Домот во 2019 релјефот е целосно отстранет и уништен што предизвика бројни реакции и негодување кај локалното население. Водени од овој факт но и од потребата за зачувување и негување на антифашистичкото наследство заедно со уметникот Сулејмановски успеавме врз основа на постоечка фото документација да го вратиме релјефот заедно со партизанот на влезот на Домот на Културата. Овој чин  наиде на огромно задоволство одобрување од граѓаните од целиот регион.

Проектот е финасиски и логистички поддржан од Министерство за култура на РСМ, Општина Центар и ФООМ.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk