Скулптурална инсталација: “Рада” во Кратово

Автор: Андреј Миневски, скулптор

изработена е од рециклиран метал, димензии H260см х 120цм

Поставувањето е реализирано во соработка и одобрување на Општина Кратово.

Идејата за поставување на скулптурална инсталација во Кратово ја добивме според приказната за мостот кој го граделе деветмина браќа, но преку ноќ, тој постојано паѓал. Браќата една вечер се договориле која од сопругите ќе им донесе ручек утредента, таа да ја заѕидаат во темелите на мостот, верувајќи дека тој повеќе нема да паѓа. Сите браќа им кажале на сопругите утре да не им носат ручек – освен најмладиот кој заборавил. Утредента, младата Рада го зготвила ручекот и го однела на мајсторите. Како што бил договорот така и направиле. Младиот брат ги молел, ги преколнувал браќата да не го прават тоа, ја молел и Рада да му прости бидејќи заборавил да ѝ каже, но веќе било доцна. Последната желба на младата Рада била да и ја остават десната града да си го дои малото си машко дете, која и била исполнета. Оттогаш до ден денес се прераскажува легендата за младата Рада, која е заѕидана во темелите на „Радин мост“ кој оттогаш наваму се нема срушено.

Кратово е град на легенди и преданија, град кој според кажувањата на старите лежи на бисаги злато кои турците ги собирале во околните рудници. И денес небројани ентузијасти чепкаат по дворовите на старите куќи и плевни во кратовскиот регион. Иако преданијата за златото и азното од кратово денес се сведени на легенди и приказни за авантуристи Кратово некогаш било мал центар на светот.
Се претпоставува дека на денешната локација на градот Кратово многу одамна постоел град под името Кратискара. Под името Кратис или Коритон каселбата се спомнува во византискиот период, а денешното име е добиено по местоположбата на градот во кратер на изгаснат вулкан. Архитектурата на Кратово е карактеристична и типичната староградска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната . конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичност и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура. Куќите се амфитеатрално поставени, со значително поголеми височини од долната во однос на горната страна. Претежно се двокатни, со надвиснати чардаци. Архитектурата на Кратово ја карактеризираат и тесните и стрмни улици, повеќе мостови, како и голем број традиционални занаетчиски дуќани и разни други индивидуални постари и понови архитектонски градби.
Богатството од околните рудници,  интезивната комуникација на луѓето во Кратово и неговата специфична поставеност во длабок дол придонела за градење мостови на Кратовска и Манцева Река. Кратовските мостови преставуваат соодветен израз на градителството во турскиот период кај нас. Во нив се вткаени вековните неимарски искуства на турско – словенското градителство. Тоа се мостови со витка линија, со главен лак, со прецизно изработена архиволата и имаат нагласена декоративна линија. Со обнова на занаетчиството и трговијата во 19 век, во градот се појавила потреба за изградба на нови мостови. Распоредени околу чаршијата, заедно со кулите, мостовите му даваат на градот средновековен лик и амбиент на град-музеј.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk