За прв пат во светот, автобус дух!

Акција на активисти од Тетово

Во Општина Тетово нема автобуси, но има автобуски станици. Овие станици се поставени на неколку локации во градот, почнувајќи од влезот на градот, центарот (основниот суд) до универзитетската улица.

Институциите инсистираат дека процесот треба да оди по вистинскиот редослед и дека ако не се постават станици, па потоа (или во меѓувреме) да се набават автобуси, се доведува во прашање функционалноста на самиот процес. Градоначалникот на Општина Тетово вели дека тенденцијата на општината е паралелно да се снабдуваат автобуси, да се комплетираат автобуските станици и да се стави во функција претпријатието за јавен превоз за целиот систем да е активен до крајот на годината.

Но, сепак, поаѓајќи од досегашносто искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им послужат на граѓаните на Општина Тетово сè до конечното решавање на овој процес.

Оваа акција е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата “За прв пат во светот, автобус дух!” е финансиски поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk