Конференција: „ВАКА (НЕ) БИВА!“ – За креативниот активизам и амбициите да се влијае врз општествените промени

Намалувањето на квалитетот и назадувањето на демократските процеси и практики е неповолен повеќегодишен тренд како во развиените, така и во демократиите кои се во процес на созревање и опоравување. Сè поприсутно е растечкото незадолство, но и заситеноста на граѓаните од  неефективните форми на учество, што резултира/создава пасивно и апатично граѓанство. Опаѓаат, исто така, високите очекувања за достигнувањата на застапувачките напори на

дејствување, кои користат разни медиуми и алатки, преку акциите со куси и јасни пораки, имаат цел да предизвикаат интерес за ангажман и кај пошироката јавност, специфичните публики и властите. Јавниот простор, вклучително и социјалните мрежи, се сè поатрактивни и за властите и за активистите. Сè повеќе креативниот активизам, самостојно или во комбинација со постоечки форми на граѓански притисок и застапување, станува форма на ангажман преку кој се поттикнуваат и создаваат услови за промени како на конкретните и актуелни политики, така  и на културните и политички орентирани практики.

Овој настан е обид да се иницира систематско отсликување на артивистичкиот простор во Македонија со цел да се лоцираат актерите и форматите на дејствување, да се препознаат идеолошките, стратешките и тактички искуства и идни чекори на креативниот активизам кој е насочен да влијае врз општествените промени.  Лоцирана е и потребата да се забележат и анализираат факторите на успешност на овие ангажмани. Еднакво важно е да се разменат научените лекции како на традиционално ангажираните уметници и активисти, така и на оние кои се нови на сцената. На конференцијата ќе присуствуваат активисти и теоретичари од регионот  и со тоа овој обид ќе биде и можност за создавање платформа за меѓусебно запознавање, препознавање, поддршка, развивање и иницирање на идни артивистички дејствувања.

Програма:

Креативниот активизам за/и општествени промени – само тренд или препознаена потреба со иднина?“, Модератор: Владимир Јанчевски

  • Славица Инџевска, Програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија
  • Игор Штикс, писател

Панел дискусија „Креативниот активизам во Македонија: што научивме од тоа што направивме?“, Модераторка: Калиа Димитрова

  • Никола Писарев, Установа Центар за современи уметности – Скопје
  • Мите Кузевски, Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа
  • Ивона Кузмановска, Младински образовен форум

Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело – одземање/заземање на јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (прв дел)

Стрит арт и урбани акции, МодераторкаСлободанка Стевчевска

  • Драган Китановски – Драш, стрит уметник
  • Аријанит Џафери, Еко герила, Тетово
  • Иван Чулаковски, Граѓанска иницијатива „Поинаку“ Битола
  • Теодора Георгиева, Штип арт активизам
  • Ненад Стојановиќ, Проактив, Ниш, Србија

Социјални мрежи – мегдан или мобилизаторска алатка, Модератор: Горан Костовски

  • Ирена Ристиќ, активистка, #Не биди ѓубре
  • Елена Георгиевска, Скопје смог аларм
  • Ена Бендевска, Медуза.мк

 Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело – одземање/заземање на јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (втор дел)

До публиките со уметност за промени, Модераторка: Александра Бубевска

  • Кочо Андоновски, Центар за поддршка на ЛГБТИ
  • Симона Спировска, Артопија
  • Бесфорт Идризи, Детски театарски центар
  • Висар Арифај, Силна партија, Косово
  • Гоце САФ, музичар
  • Сибел Абдиу, режисерка

Со слика до акција, Модератор: Бошко Караџов

  • Иван Блажев, фотограф
  • Ѓорѓе Јовановиќ, уметник
  • Игор Грубиќ, уметник, Хрватска
  • Софија Григориаду, уметница, Грција

“Граѓаните и заедниците со креативен ангажман сојузници во промените кои носат подобро утре за сите”

Завршен осврт, дискусија и препораки: Искра Гешоска, Контрапункт, Скопје

Работилници „Магија за промена“

Претстава „Не плаќам“, режија: Бесфорт Идризи

Conference: This is (NOT) Working- For Creative Activism and Ambitions to Influence Social Change

Decreasing the quality and reversing of democratic processes and practices is a disadvantageous perennial trend in both developed and emerging democracies. Increasing indebtedness, but also the saturation of citizens with ineffective forms of participation, is increasingly present, resulting in passive and inactive citizenship. There is also a decline in expectations for the achievements of CSO advocacy efforts to fundamentally change policy. The dissatisfaction with the unfavorable trends and conditions is also expressed through protests. The range of forms of pressure on the authorities and institutions is enormous.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk