Креативна акција во која јунаците од приказните и цртаните филмови им помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила во Прилеп.
Идејата е да се алармира локалната но и целата јавност во Македонија за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца во Прилеп. Она што е особено важно е дека оваа градинка е особено важна за граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања, бидејќи тие не можат да си дозволат приватни установи за сместување на децата, а неможноста истите да бидат примени во друга јавна установа за згрижување деца ги ограничува родителите во обезбедувањето работни ангажмани, а со тоа и егзистенција на семејствата.
Настанот и акцијата се поддршка на групата Урбани уметнички акции, ЗГ Станица П.Е.Т и жителите на населбата Точила и градот Прилеп.
По завршувањето на настанот елементите и делата ќе бидат подарени на градинката за да ги украсуваат нејзините ѕидови и училници и да ги радуваат децата кога истата ќе биде отворена – што се надеваме дека ќе биде во блиска иднина.