Територијата на Маврово и Река располага со голем број знаменитости,а исто така и со голем број на културни споменици кои за жал се запоставени од страна на институциите и подзаборавени од локалното население и посетителите. Најголем дел од нив се во лоша состојба иако некои се впишани како културно наследство но секако скоро сите (освен позначајните споменици како манастиорт св. Јован Бигорски, црквата св Петар и Павле, Галичката свадба) се недоволно посетени, непознати за пошироката јавност и бројните туристи во регионот а исто така се наоѓаат во лоша или катастрофална состојба. Најдобар доказ за запоставеноста и непрепознавањето на вредностите на локалното споменично наследство е скорото префарбување и цртање графити директно врз споменичниот објект и мозаикот на Глигор Чемерски во Ски центарот Маврово.
Со оваа локална иницијатива се изработи виео спот со снимки од дрон и професионална камера каде се претставени заштитени и незаштитени културни споменици со цел од една страна да се запознаат посетителите за нивно постоење а од друга страна да се сврти вниманието на јавноста за катастрофалната состојба во која дел од тие споменици се наоѓаат (најдобар пример за запоставеноста е потопената црква св. Никола во Маврово која е пред уривање а како архитектонско амбиентален споменик се наоѓа на сите разгледници и промотивни материјали од Македонија).
Во видеото опфатени се следните 10 локации: Црква Св Никола Маврово, Мостот Елен Скок,, Стара Џамија Ростуше, Стара болница Ростуше, Стара Црква и археолошки локалитет Св Пантелејмон во Борче, с.Никифорово, Меморијално спомен обележје во Ски центар Маврово.
Локалната иницијатива е реализирана со локалните партнери од Реканскиот регион.
Монтажа: Дарко Новевски
Продукција: Центар за современи уметности – Скопје 2020