„Камел Трофи Аеродром 2021″ е продуцирано со желба да се помогне на неколку илјади жители од општина Аеродром кои повеќе од 4 години секојдневно газат прав и/или кал за да стигнат до своите домови во одредени делови на Аеродром особено околу улиците Владимир Комаров, Руди Чајавец и булеварот АСНОМ”.
Иако инвеститорите (не навлегуваме во квалитетот на ДУП-овите и јавниот простор во Аеродром), уредно платиле комуналии кои изнесуваат и по неколку стотици илјади евра за уредување на базичната инфраструктура, општината Аеродром и после повеќе од четири години ги нема уредено сервисните улички, пристапните патеки и паркинг површините, иако тоа претставува нивна обврска за која граѓаните платиле и преку комуналиите и преку своите даноци.
„Се надеваме дека на овој начин преку ова сатирично видео ќе допреме до надлежните и на ваков несекојдневен начин ќе ги презентираме проблемите на граѓаните и ќе ги натераме надлежните да реагираат и да ги решат овие проблеми. Искрено се надеваме дека Камел трофи 2022 ќе се одржи на некое друго место и 4х4 рели полигоните во Аеродром ќе бидат заменети со оплеменети урбани површини”.