Почитувани пријатели и соработници,
Во име на Центарот за современи уметности – Скопје и Фондација Отворено општество – Македонија, Ве покануваме на конференцијата „Време за ресетирање – Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“ која ќе се одржи на 30-ти септември и 1-ви октомври 2022 година во Јавна соба, Скопје. На конференцијата ќе учествуваат познати теоретичари, ангажирани уметници, активисти и организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Гана, Германија, Северна Македонија, Сенегал, САД, Србија, и Холандија.
Деталната програма на конференцијата можете да ја погледнете во прилог на поракава.
Ве молиме потврдете го вашето учество на anita@scca.org.mk и adrijana.lavchiska@fosm.mk.