Канта за отпадоци што зборува!

Градот е покриен со ѓубре, Скопје и Македонија се прекриени со отпадоци. Поаѓајќи од овој факт решивме да креираме интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.
Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град.
Кантата  е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.


Во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе Круг и кај Мобилната монтажна галерја во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.
Кантата е дело на групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности.

Видеото со детали како работи кантата можете да го погледенте или симнете на следниот линк

За повеќе информации 070 270 064

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk