Скулптурална инсталација: Обележја за Мечките во Реканскиот регион / локации во Општина Маврово/Ростуше,

Обележјата се поставени во соработка и одобрување на Националниот парк Маврово и Општина Маврово /Ростуше.

Поради зголемено присуство на кафеавата мечка на овие простори и опасноста што таа ја претставува по животот на граѓаните. Според проценките на Општина Маврово и Ростуше, одлучивме да поставиме 10 просторни обележја изработени од метал во делови каде што има зголемено движење на луѓе и со цел да се обрне поголемо внимание на овие делови на Општината.

Кафеавата мечка (Ursus arctos) е сештојаден цицач од семејството мечки, распространет во северна Евроазија. Може да достигне тежина и над 500 килограмиу и спаѓа во групата на најголеми европски односно е најголем европскик месојад. Иако овој вид се соочува со истребување на многу места во регионите на балканот изминатите 20 години се бележи значителен раст на нејзината популација а на некои територии на среден и западен балкан нејзината бројност во последното десетлетие е дуплирана. Според податоците во РС Македонија се претпоставува дека имало над 400 мечки во 2014 година со тенденција на зголемување на популацијата.

Една од најбројните популации на мечки во Македонија од секогаш била во Мијачкореканскиот и Мавровскиот регион, падините на Шарпланина, Бистра и Кораб. Маврово кое своето име го добило по на црновленстите овци (Маврово-мавро-воуни – овци со црно крзно) ја крие една од најстарите шуми во Македонија но и една од само неколкуте девствени (од човек не гибнати) букови шуми во Европа. Сместени под обронците на Кораб во регионот на Длабока Река  овие шуми и шумски пејзажи со кои изобилува Маврово раскажуваат бројни приказни, кријат вековни тајни и се дом на големите мечки за кои преданијата зборуваат дека се чувари на шумата.

Приказот на мечките во фолклорот значително варира од една култура до друга, како одраз на уникатните верувања, вредности и односи меѓу луѓето и природниот свет во секој регион. Нераскинлива е врската помеѓу луѓето и природата, ако троглавиот кербер е чувар на подземниот свет, мечката е чувар на девствените шуми тие се нејзино живеалиште и скривалиште место каде луѓето можат да појдат но не и да останат. Мечката како симбол на дивината во фолклорот се гледа како симболи на нескротливата дивина и рамнотежа на природата и ги персонифицира примарните и моќните аспекти на природниот свет.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk