Акција за привлекување внимание на јавноста за болни и оштетени дрвја во Скопје
За оваа акција направивме летачки скулптури/силуети на Петар Пан и Ѕвончица кои беа закачени со невидливи најлонски конци на високи дрвја и го дадоа ефектот дека тие всушност летаат во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Идејата за оваа акција беше да се сврти вниманието на јавноста кон старите и оштетени дрвја во парковите во Скопје, затоа што Скопје е еден од најзагадените градови во Европа и градските власти воопшто не обрнуваат внимание на дрвјата. Постарите дрвја често се забораваат, а потребна им е посебна грижа како: сечење стари и мртви делови, ослободување на дрвјата од бршлен и ползечки паразитски растенија, затоа што во повеќето случаи смртта и падот на овие дрвја е предизвикан не затоа што тие се толку стари, туку затоа што биле нападнати од ваков вид на паразити. Прашањето за дрвјата во Скопје е меѓу најважните локални прашања затоа што во последните неколку години скоро половина од дрвјата беа исечени за да се обезбедат нови градежни површини. Акцијата беше одлично прифатена, беа опфатени над 100.000 луѓе, една од најгледаните национални телевизии Телма направи посебен прилог за акцијата. Исто така, сите информативни портали во Македонија објавија статии за оваа акција.
Peter Pan and Tinkerbell on trees in the Park of Francophonie in Skopje
Action for getting public attention about ill and damaged trees in Skopje
For this action we made flying sculptures/ silhouettes of Peter Pan and Tinkerbell that were hanged with invisible nylon lines on high trees and gave the effect that they actually fly in the Park of Francophonie in Skopje. The idea for this action was to turn the public’s attention on old and damaged trees in the parks in Skopje, because Skopje is one of the most polluted cities in Europe and city authorities do not pay any attention to the trees. Older trees are often forgotten and they need special care like cutting old and dead parts, releasing trees from ivy and climbing parasitic plants, because in most cases death and falling of these trees is caused not because they are so old, but because they were attacked with this sort of parasites. The issue about trees in Skopje is among the most important local questions because in the last couple of years almost half of the trees were cut to secure new building areas. The action was greatly accepted; it had a reach of over 100.000 people and the most viewed National TV Telma made a special segment about the action. Also all the internet informative portals in Macedonia published articles about this action.