Реакција на оштетена и катастрофална состојба на инфрастурктура во Велес
Во Велес на 2 км од центарот на градот, на ул. „Павел Шатев“ во населбата „Тунел“, после секој дожд се формира цело езеро. Со цел да им помогнеме на граѓаните да го направат својот проблем видлив, решивме на дупката која на места е длабока и половина метар да го одржиме првиот локален натпревар во риболов на градски дупки. Настанот се одржа на 28 март, во организација на слободни граѓани, а учествуваа и неколкумина спортски риболовци. За потребите на натпреварот дупката беше порибена со 2 примероци крап кои подоцна беа пуштени во водите на езерото Младост. Интересно за оваа акција која беше хит во Велес е дека улицата беше ургентно санирана и асвалтирана по акцијата од страна на локалната власт.
Fishing on a hole in a street in Veles,
Reaction to the damaged and catastrophic state of the infrastructure in Veles
In Veles, 2 km from the city center, on the Pavel Shatev st. in the settlement Tunnel, after each rain an entire lake is formed. In order to help the citizens by making their problem visible, we decided to hold the first local competition in fishing in urban holes on the hole that is half a meter deep in some places. The event took place on March 28th. It was organized by free citizens and was also attended by several sport fishermen. For the needs of the competition, the hole was stocked with 2 specimens of carp which were later released into the waters of Lake Mladost. Interesting for this action (which was a big hit in Veles) is that the street was urgently repaired and asphalted after the action by the local government.