Депониите – заштитени места во Р. Северна Македонија

Еколошка акција

Оваа урбана акција се состоеше од мапирање на преку 50 локации на илегални депонии и локации за фрлање на ѓубре, и обележување на 16 локации низ РС Македонија кадешто луѓето фрлаат големи количини на тешко ѓубре и градежен отпад. Идеата за оваа акција беше да се креира јавен притисок преку креативна комуникација за проблемот на нелегално отстранување на отпадот и да се притиснат властите да делуваат против овој проблем, да ги исчистат местата и да спречат понатамошно нелегално отстранување на отпадот на несоодветни места во природата. Околините на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга беа таргетирани за оваа урбана акција. Освен поставување ознаки директно до депониите, исто така испративме фотографии од депониите до одговорните институции: Инспекторат на Град Скопје за животна средина и до Министерство за животна средина и просторно планирање на РС Македонија. Оваа акција (веднаш по завршувањето на поставување на последните ознаки) доби огромно внимание од јавноста и медиумите и голем број на споделувања и постови на социјалните мрежи, со што ни помогна нашата акција да стане тема на неделата, максимизирајќи го нејзиниот импакт. Сакаме да нагласиме дека благодарејќи на медиумското внимание кое го доби акцијата и медиумскиот притисок, акцијата го испровоцира Град Скопје да преземе акција и да исчисти некои од местата кои беа дел од интервенцијата. До сега имаме потврда за најмалку 8-10 исчистени места, вклучувајќи и една локација во центарот на Скопје.

Garbage (landfill) disposal sites are protected sites in North Macedonia

Ecological action

This urban action was consisted from mapping over 50 locations of illegal landfill sites and garbage disposal sites and the marking of 16 places across Macedonia where people dispose large amounts of heavy garbage and construction waste. The idea of this action was to create public pressure through creative communication about issues of illegal waste disposing and to force authorities to act against this problem, to clean these places and to disable further illegal waste disposal on non-adequate places in the nature. Surroundings of Skopje, Tetovo, Gostivar, Kichevo, Ohrid and Struga were targeted by
this urban action. Besides putting signs directly on the garbage sites, we also sent photographs from the sites to in charge institutions like Skopje City Inspectorate for Environment and to the Ministry of Environment and Spatial Planning of Republic of North Macedonia.  The action (just after installing the last signs) got great attention from the public and media and incredible amount of shares and posts on social networks which helped us to make our action the topic of the week and to maximize its impact. We would like to appoint that thanks to the media attention that the action got and with the media pressure, the action provoked City of Skopje to take action and clean some of the places that were part of the intervention. Until now we have confirmation for at least 8-10 sites that have been cleaned, including one in the center of Skopje.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk