Акција посветена на информирање на јавноста за проблемот со притисок на вода во згради повисоки од 5 ката во Скопје
Поголемиот дел на град Скопје, во високите зони (над 5-ти спрат) имаа сериозни проблеми со воден притисок, најмалку еднаш неделно во период од неколку месеци пред оваа акција. Со цел да се помогне на над 60.000 граѓани кои живеат во така наречени “високи зони“ ја креиравме акцијата “Нема вода“. Акцијата се состоеше од гигантско платно (25м долго и 2.5м широко) кое беше закачено да виси на една од нај големите згради во Скопје. Платното беше поделено на 2 дела, обоено во плаво до 5-тиот спрат, и над него, со огромни букви беше напишано “НЕМА ВОДА“. После акцијата ЈП Водовод и Канализација на Град Скопје преземаа сериозни мерки за поправање на проблемот и денес проблемот со високите зони е делумно решен. После иницијалните интервенции фреквенцијата на периодите без вода се намали од еднаш неделно до еднаш во 5 до 6 недели, со ветувања дека после февруари проблемот ќе биде комплетно и засекогаш решен.
No water,
Action dedicated to informing public about problems with water supply of buildings higher than 5 stores in Skopje
High zones (above the 5th floor) in almost half of Skopje had serious problems with water supply at least once a week during the period of several months before this action. In order to help over 60.000 people who live in so called “high zones” we created the action “No water”. The Action was consited of a giant fabric (25m long and 2.5m wide) that hanged from on one of the highest buildings in Skopje. The fabric was divided in 2 parts, painted in blue until the 5th floor, and above it, it was written “NO WATER” with giant letters. After the action the Public Enterprise for Water Supply and Sewerage and the City of Skopje took serious measures for fixing this problem and nowadays the problem with the high zones is partially solved. After initial interventions the frequency of periods without water has declined from once a week to once in 5-6 weeks, with promises that after February the problem will be completely and permanently solved.