Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово, заедно со партнерските организации, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје), Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп), Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество Македонија, денес (28.12.2020) во Куманово реализраше Креативна уметничка акција за подобар пристап на бремените жени до гинеколошки услуги.
Акцијата се одржа на плоштадот „Нова Југославија“ – Куманово, а целта беше да се актуелизираат проблемите во јавноста и да се испрати порака до надлежните за овозможување на подобар пристап на бремените жени до гинеколошките услуги, бидејќи 74% од жените Ромки плаќаат за бесплатните прегледи за време на бременост, иако сите бремени жени и родилки имаат право на бесплатни здравствени услуги.
Перформансот на плоштадот се состоеше од поставени колички за бебиња кои после акцијата се донираа на социјално загрозени семејства, односно на бремени жени и родилки. Дизајнираните пораки кои беа поставени заедно со количките за бебиња се засновани на секојдневните случувања, лични искуства, животни приказни пренесени преку пишани пораки со акцентирање на проблемите со кои се соочуват бремените жени во пристапот до гинеколошки услуги.
Случајните минувачи и другите актери имаа можност да ги прочитат пораките и директно да видат со какви проблеми се соочуваат бремените жени, посебно со наплатата на бесплатните прегледи за време на бременост, злоупотребата на бесплатен ехо преглед (300 денари), микробиолошките брисови (300 денари) и наплатата за мајчина книшка (500 денари), кој пакет за една бремена жена чини 1.100 денари.
Уставот гарантира универзален пристап за здравствена заштита на сите граѓани, а законот за здравствена заштита како и Законот за здравствено осигурување обезбедуваат еднаквост во пристапот до здравствените установи почитувајќи го правото на еднаквост на сите граѓани. Но и покрај голем број на Закони, подзаконски акти и програми донесени од Министерство за здравство, граѓаните секојдневно при остварување на своите со Закон загарантирани права, наидуваат на проблеми од причина што законите се недоволно прецизни – двосмислени и различно се применуваат во пракса од институциите кои ги спроведуват.
Иако мерките кои се предвидени во Програмите за бесплатни гинеколошки прегледи на бремени жени, сепак истите се наплатувани од страна на гинеколозите. Потврда на тоа се и проценките на Светската здравствена организација, која нотира дека причината за смртта е како последица на компликации за време на бременост и породување, што процентуално 94% од жените кои го изгубиле животот потекнуваат од земји со низок економски развој.
Висок е процентот на неискористеност на бесплатните гинеколошки прегледи на бремени жени кој достигнува дури и до 74%, а 90% имаме и кај неискористеност на бесплатните лабoраториски прегледи за бремените жени во текот на бременоста. Тенденцијата постои и кај неискористеност на бесплатна фолна киселина за секоја бремена жена кој достигнува дури и до 95%.
*Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија, а на обуката и во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на нашето Здружение Национален Ромски Центар (Куманово); Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје); ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје) и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп).
Creative artistic action for better access of pregnant women to gynecological services
The Association National Roma Centrum (NRC) from Kumanovo, together with the partner organizations, the Association for Development and Promotion of the Roma Community Romano Chachipe (Skopje), IRIZ – Initiative for Development and Inclusion of Communities (Skopje), Association for Legal Education and Transparency P.E.T. STATION (Prilep), the Center for Contemporary Arts from Skopje and the Foundation Open Society Macedonia, today (28 December 2020) in Kumanovo realized a creative artistic action for better access to gynecological services by pregnant women.
The action took place on the square “New Yugoslavia” – Kumanovo, and the goal was to actualize the problems in the public and send a message to the authorities to provide better access to pregnant women for gynecological services, because 74% of Roma women pay for free examinations during pregnancy, although all pregnant women and women in labor are entitled to free health care.
The performance on the square consisted of strollers that were donated to socially disadvantaged families, i.e. pregnant women and mothers. The designed messages that were placed together with the baby strollers are based on everyday events, personal experiences, life stories conveyed through written messages emphasizing the problems faced by pregnant women in accessing gynecological services.
Passers-by and other actors had the opportunity to read the messages and see directly what problems pregnant women face, especially with the payment of free examinations during pregnancy, abuse of free echo examination (300 denars), microbiological swabs (300 denars) and the payment for the mother record (500 denars), a package for a pregnant woman that costs 1,100 denars.
The Constitution guarantees universal access to health care for all citizens, and the Law on Health Care as well as the Law on Health Insurance ensure equality in access to health care institutions while respecting the right to equality of all citizens. But despite a number of laws, bylaws and programs adopted by the Ministry of Health, citizens daily in exercising their rights guaranteed by law, encounter problems because the laws are insufficiently precise – ambiguous and applied differently in practice by institutions that implement them.
Although the measures in the Programs provide free gynecological examinations of pregnant women, these examinations are charged by gynecologists. Confirmation of this is the estimates of the World Health Organization, which notes that the cause of death is due to complications during pregnancy and childbirth, that 94% of women who lost their lives come from countries with low economic development.
The percentage of non-use of free gynecological examinations of pregnant women is high, reaching up to 74%, and we have 90% of non-use of free laboratory examinations for pregnant women during pregnancy. There is also a tendency for unused free folic acid for every pregnant woman to reach up to 95%.
* The action is part of the training for creative activism of Roma organizations conducted by the Foundation Open Society Macedonia. The training and the creation and implementation of the action are attended by representatives of our Association National Roma Centrum (Kumanovo); Association for Development and Promotion of the Roma Community Romano Chachipe (Skopje); IRIZ – Initiative for Development and Inclusion of Communities (Skopje) and Association for Legal Education and Transparency STATION P.E.T. (Prilep).