Биди супер-херој, почитувај ги мерките за заштита! Уметничка акција на Штип арт активисти

Во време на активна и секојдневна борба со COVID-19, нашите вистински супер-херои и супер-хероини се всушност околу нас – здравствените работници, вработените во маркети, текстилните работници, полицијата, војската, пожарникарите. Сите оние кои се на своето работно место секојдневно, за ние да можеме да останеме дома и на тој начин да се заштитите и себеси и нашите семејства. Нивната макотрпна работа во ова време – невреме, заслужува максимална поддршка од сите граѓани, на секој можен начин кој ќе им помогне и ќе им ја олесни работата. Затоа, Штип арт активисти, како локални активисти ја направија оваа акција со која укажуваат да се почитуваат препораките и мерките кои се донесени од страна на Министерството за здравство. Акцијата се однесува на мерките како што е растојанието кое треба да го одржуваме, правото на користење на годишен одмор и мерките кои треба да ги преземат работодавачите и превозниците за спречување на ширење на COVID-19. Во оваа, како и во претходните акции на Штип арт активисти, ги искористија хероите на Марвел, познатите Хулк, Тор и Капетан Америка. Нивната цел е пред сè на недвосмислен и јасен визуелен начин да ги споредат граѓаните со холивудските супер-херои, и на тој начин да ги охрабрат да ги почитуваат мерките. Со оваа споредба тие сакаат да ги потсетат штипјани дека единствено со почитување на мерките сите можеме да сме супер-херои, да дадеме свој придонес, и на тој начин да искажеме благодарност до нашите здравствени работници, полицајците, пожарникарите, војниците, вработените во маркетите и текстилните работници/чки за нивната пожртвувана работа. Уметничката активност ја помогна и здружението Гласен Текстилец, кое работи на унапредување на правата на текстилните работници/чки, кое овозможи во акцијата да е вклучена нивната хероина Супер Текстилка, за да се укаже на правата на вработените во големите хали. Текстилните работници/чки од Штип се оние кои во моментов ги изработуваат маските кои служат за превентива на сите граѓани, а со акцијата Штип арт активисти потсетија дека во овој период, тие се оние на кои им е најпотребна дополнителна заштита и превентивни мерки.

Акцијата е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Be a superhero, respect protection measures!

Artistic action by Štip Art Activists

In a time of active everyday struggle with COVID-19, our true superheroes are actually around us – healthcare workers, market workers, textile workers, police, military, and fire-fighters. All those who are at work every day, so that we can stay at home and thus protect ourselves and our families. Their hard work at these difficult times, deserves maximum support from all citizens, in every possible way that will help and facilitate their work. Therefore, Štip Art Activists, as local activists, made this action which indicates that the recommendations and measures adopted by the Ministry of Health are respected. The action addresses measures such as the distance we need to maintain, the right to use annual leave and the measures that employers and transporters need to take to prevent the spread of COVID-19. In this, as in the previous actions of Štip Art Activists, they used the heroes of Marvel, the famous Hulk, Thor and Captain America. Their goal is, above all, an unambiguous and clear visual way of comparing citizens to Hollywood superheroes, and thus encouraging them to abide by the rules. With this comparison, they want to remind the citizens of Štip that only by respecting the measures can we all be superheroes, give our contribution, and thus express our gratitude to our health workers, police officers, firefighters, soldiers, market employees and textile workers for their work. This artistic activity was also helped by the association Glasen Tekstilec, which works on the promotion of the rights of textile workers, which enabled their heroine “Super Tekstilka” (Super Textile Worker) to be included in the action, in order to indicate the rights of the employees in the big halls. The textile workers from Štip are the ones who are currently making the masks that serve for the prevention of all citizens, and with this action, Štip art activists reminded that in this period, they are the ones who need the most additional protection and preventive measures.

The action is financially supported by the Foundation Open Society – Macedonia.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk