„ЕЗЕРО ИЛИ ПЛАСТИКА“ – Land Art против загадувањето на Дебарско езеро

„Езеро или пластика“ е land art посветен на Дебарското езеро. Поточно на загадувањето на езерото со пластични шишиња.

Ретко кој знае дека секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското езеро, а загадувањето е највидливо напролет, кога високите водостои на реките и потоците во Дебарско-реканскиот регион носат огромни количини пластичен отпад директно во езерото.

Оваа еколошка катастрофа која му се случува на Дебарското езеро, за уметникот Адем Сулејмановски, авторот на делото, беше мотив да го искористи она што го знае најдобро, уметноста, за да го сврти вниманието на јавноста кон езерото, правејќи го видлив повеќегодишниот проблем со кој се среќаваат локалните жители. „Езеро или пластика“ многу јасно и директно сака да укаже на алармантната состојба и потребата од намалување на загадувањето на езерото,  кое иако има квалитетна вода сепак е преполно со отпад. Овој land art е дел од серијата активности со еколошка тематика на кои Адем ќе работи оваа пролет со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Креативниот активизам, како што е акцијата „Езеро или пластика“, како форма на граѓански активизам, е прилично ефикасен. Многу јасно ги визуелизира проблемите, а понекогаш успева и да придонесе во нивното решавање. Уметноста кога е ставена во функција може да направи вистински промени.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk