Герила акција на активисти од Битола
Во духот на годинешниот Манаки фестивал и неговото официјално лого tell the clouds, во Битола на црвениот тепих, а и низ градот Битолчани ја дополнија пораката.
Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот грагански активисти порачаа: Tell the clouds Bitola is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!
Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да живее и Битолчани да дишат чист воздух! Фондацијата Отворено општество – Македонија активно ги поддржува граѓаните во нивните напори да направат промени кон подобро. Оваа герила акција на активистите од Битола е дел од активностите со кои тие на креативен начин пробуваат да ги подобрат условите за живот во градот и околината и да прават притисок врз властите за решавање на овој огромен проблем.
Креативниот активизам, како форма на граѓански активизам, јасно ги визуелизира проблемите, а понекогаш успева и да придонесе во нивното решавање. Уметноста кога е ставена во функција може да направи вистински промени. Свесни за овој потенцијал на уметноста, ние во ФООМ континуирано поддржуваме голем број активности, особено активности со еколошка тематика како што е оваа герила акција на битолчани.