Активистичка акција во Битола
Пандемијата на корона вирусот во текот на ноември и декември 2020 год. многу силно ја погоди Битола и од град кој што во предходните месеци имаше релативно мал број заболени за само 40тина дена Битола и битолскиот регион станаа рекордери по бројки на новозаболени. Водени од оваа состојба и знаејќи го менталитетот на нашите сограѓани решивме да направиме Корона елка која имаше за цел да ги предупреди граѓаните за празниците да не се групираат, да не прават заеднички прослави и да ги почитуваат препораките на надлежните. За акцијата беше направена голема елка накитена со лампиони во облик на корона вирусот со пораки за почитување на препораките а на граѓаните им беаделени мали лампиони во форма на корона вирусот кои имаа за цел да ги потсетуваат граѓаните за опасноста од прекубројното собирање за време на новогодишните и божиќните празници.