Корона квиз на одговорност – Чија е топката и кој е крив ???

Акција на „Штип арт активисти“

Штип беше еден од најпогодените градови со една од најголемите бројки на заразени од вирусот Ковид 19. Во исчекување на нов бран на заболени, Штип арт активистите спроведоа уште една акција со акцент на одговорноста, односно, неодговорноста и (не)постапувањата на институциите кои изминатиот период си ја префрлаа “топката на одговорност“. Поради тоа, конфузијата помеѓу граѓаните беше очигледна,  но се случуваа и злоупотреби од поединци.

Инсталацијата “Топка на одговорност“ поставена на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип го поставува прашањето „Чија е топката и кој е крив ???“. Со оваа акција, активистите им посочуваат на граѓаните и тие да го постават прашањето за одговорност, најпрво почнувајќи од себе, а потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците.

Акцијата вклучува и втора инсталација во коритото на реката Отиња, повикувајќи ги граѓаните да почнат да прават поголем притисок за почитување на мерките и препораките со цел да се анимираат поголем број на граѓани, институции и работодавачи за подигање на свеста за придржување до мерките и препораките, построго делување на инспекторатите и институциите за време на очекуваниот втор бран со Ковид-19.

Corona responsibility quiz – Who has the ball and who is to blame???

Action of “Štip art activists”

Štip was one of the most affected cities with the highest numbers of infected with Covid-19. In anticipation of a new wave of patients, Štip art activists conducted another action with an emphasis on responsibility, i.e., irresponsibility and (mis)actions of institutions in the period when they just transferred the “ball of responsibility” from one institution to another. Because of that, the confusion among the citizens was obvious, but there were also abuses by individuals.

The installation “Ball of Responsibility” placed on the city square “Sloboda” in Štip raises the question “Who possesses the ball and who is to blame???”. With this action, the activists point out to the citizens to ask the question about responsibility, first starting from them, and then asking their employers, institutions, local authorities, and transporters.

The action includes a second installation on the Otinja riverbed, calling on citizens to start putting more pressure on respecting the measures and recommendations in order to animate more citizens, institutions, and employers to raise awareness of adherence to the measures and recommendations, tighter action of inspectorates and institutions during the expected second wave of Covid-19.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk