Познатиот цртан лик, Ла Линеа се појави во Тетовско, на патот за Бањиште, за да предупреди на опасна дупка на патот која стои таму цели три години.
Иако дупката е на една од главните рекреативни пешачки патеки, досега надлежните не презеле ништо.
Активистите алармираат дека дупката постојано се шири и се заканува да го однесе целиот пат во случај на поинтензивни врнежи.

