Акцијата НОСЕТЕ МАСКИ е наменета на визуелно експлицитен начин да ги потсети и да ги охрабри граѓаните да користат лична заштитна опрема т.е. заштитни маски за да се заштитат себеси, но и другите од Вирусот Ковид 19 чиешто ширење напредува и се потешко се контролира.
Со оваа акција, на свој активистички начин, преку поставување големи заштитни маски во јавниот простор, активистите им укажаа на граѓаните дека мора да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19. Носењето маска е еден од најдобрите начини за да се спречи неконтролираното ширење на болеста. Маските се поставени на дваесетина места во Битола со надеж дека на овој начин ќе се поттикне културата на самозаштита и носење маски во овие тешки времиња на здравствена криза.