На бул. „Партизанска“ во близина на основното училиште “Тошо Арсов”во Штип, се бараше Тор од планетата Азгард. Патот на овој дел од булеварот е пропаднат, изгледа како кратер на патот или како овде да паднал чеканот на Тор. Ги повикуваме надлежните власти да ги санираат проблемите на овој дел од булеварот и соодветно да бидат поставени заштитни мерки, знаци, табли, обележан премин за пешаци, што ќе доведе до поголема сигурност за возачите, учениците и пешаците. Акцијата „СЕ БАРА ТОР ОД ПЛАНЕТАТА АЗГАРД“ е дело на група уметници и активисти од Штип, и е поттикната од инфраструктурните проблеми во овој дел од градот.
Wanted: Thor from planet Asgard
On “Partizanska” blvd near the elementary school “Tosho Arsov” in Shtip, Thor from planet Asgard was wanted. The road on this part of the boulevard is collapsed and looks like there is a crater on the road, or as if Thor’s hammer has fallen here. We urge the authorities to fix the problems on this part of the boulevard and set up protective measures like signs, boards and a crosswalk, which will lead to greater safety for the drivers, pupils and pedestrians. The action “Wanted: Thor from planet Asgard” is the work of a group of artists and activists from Shtip, inspired by the infrastructural problems in this part of the city.