Креативна акција: „Патот до вистината“

„Патот до вистината“ претставува просторна креативна акција и интервенција преку која младиот уметник/скулптор Андреј Миневски ја третира темата на лажните вести кои се присатни насекаде околу нас и кои не ретко оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги  спакувани во лажни веасти на кои наседнуват голем број граѓани.
Авторот на ова дело поаѓа од констатацијата дека во турбулентни периоди во кои наместо вистината доминираат лаги, а наместо доблестите  доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае (во овој случај уметникот креира лесно читливо и атрактивно уметничко дело кое се спротивставува на лажните вести)  и на тој начин да се вклучи во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги луѓето кон погрешни заклучоци


Самата инсталација се состои од велосипед кој има два гидона (волани) кои се насочени во различни односно спротивни правци симулирајќи ги на тој начин лажните и реалните вести. Самиот велоситед кој завзема централно мество во делото/акцијата се стреми да  се искачи на врвот на поставената (од метал) изработена патека бидејќи таму се наоѓа вистината, но за жал патот на неколку места му е поречен со лажни вести од различна природа  во при што  доминираат невистините насочени кон Европската унија, војната во Украина, глобалното затоплување и климатските промени, но и сомнителни теории на заговор, антиваксерски наративи но и тотални глупости како приказните дека земјата е рамна плоча и слично.

Акцијата односно скулптуралната инсталација е изработена во метал и е со димензии 400х180цм.

Оваа акција е подготвена од страна на Центарот за современи уметности во рамките на проектот „Со уметност против лажни вести“, поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk