Урбана акција: „Кукла Робот кој предупредува на лажни вести”

„Кукла Робот кој предупредува на лажни вести“ претставува просторна интерактивна уметничка акција и интервенција преку која ја третираме и потенцираме важноста на  темата на лажните вести кои не опкружуваат и влијаат на нашите ставови и перцепции. За жал лажните вести се присатни насекаде околу нас и често оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги  спакувани во лажни вести на кои наседнуват голем број граѓани.


Пеку оваа интерактивна акција во која публиката директно  се предупредува за постоењето и намерата на лажните вести, а куклата робот го објаснува начинот на кој тие се презентираат и влијаат на јавноста Центарот за современи уметности директно користејќи ја уметноста и уметничкиот израз кој  има моќ да влијае  на перцепциите и емоциите  на публиката активно се  вклучува  во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги граѓаните кон погрешни заклучоци. Самото ументичко дело односно кулклата во своето обраќање до публиката потенцира дека лажните вести се креираат со цел да ја дезинформираат јавноста и да ги наведат луѓето на погрешни заклучоци кои влијаат на однесувањето на јавноста,  водат кон поларизација на општеството со цел да се предизвикаат поделби и конфликти, ширење паникаи намалување на довербата во медиумите. Куклата робот исто ги предупредува граѓаните и дека лажните вести се користат и за политичка манипулацијаи влијание врз јавното мислење.


Самата интерактивна  инсталација која е развиена во соработка со младиот уметник Озбек Ајваз  се состои од кукла кој има вградени интерактивни сензори и звучници преку кои куклата ни ја раскажува приказната како да се заштитиме од лажните вести и како да ги раздвоиме лажните и вистинските вести и информации. Акцијата односно интерактивната скулптуралната инсталација е изработена во различен материјал  и е со димензии 40 х 90 х 180цм.
Делото е поставено во јавен простор во центарот на градот на влезот на ГТЦ од страната на плоштадот,  а во наредниот период ќе биде поставено и на други фреквентни ни локации каде минувачите ќе имаат можност за кратка интеракција со делото.

Оваа акција е подготвена од страна на Центарот за современи уметности во рамките на проектот „Со уметност против лажни вести“, поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk