Креативна акција: „На лагата и расте носот“

„На лагата и расте носот“ претставува просторна уметничка акција и интервенција преку која уметникот Ѓорѓе Јовановиќ ја третира темата на лажните вести кои се присатни насекаде околу нас и кои не ретко оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги  спакувани во лажни веасти на кои наседнуват голем број граѓани. Се работи за една од низата уметнички акции на групата Урбани уметнички акции  (Урбана герила),  преку кои дел од македонските уметници  активно се вклучуваат во борбата против лажните вести и дезинформациите.

Авторот на ова дело поаѓа од констатацијата дека во турбулентни периоди во кои наместо вистината доминираат лаги, а наместо доблестите  доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае (во овој случај уметникот креира лесно читливо и атрактивно уметничко дело кое се спротивставува на лажните вести)  и на тој начин да се вклучи во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги луѓето кон погрешни заклучоци
Самата инсталација претставува ликовна комбинбација на знакот пристап до интернет мрежа во која на едната страна е поставен ликовен приказ на  човек кој работи на компјутер и креира лажни содржини кои потоа преку интернет ги шири во он лајн просторот. На другиот крај на композицијата знакот за интернет се трансформира во лик со голем нос насоцирајќи на носот на Пиноко односно ја потенцира опасноста од праксата на ширење на лажните вести во он лајн просторот.
Како дополнителен елемент на ова дело авторот во текстуална порака посочува на низа лажни наративи поврзани со Европската унија, кои ги разоткрива и на публиката и ги изнсува вистинските факти.

Акцијата/инсталацијата „На лагата и расте носот “ е просторна инсталација работена во мешани медиуми со димензии 130х200 цм изработена во рамките на проектот „Дезинформации – креативно замаглување на умот“, што заеднички го спроведуваат Центар за современа уметноста, СКУП – Центар за истражувачко новинарство и Националното радио Канал 77.

Проектот е подржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk