Центарот за современи уметности – Скопје и LOGS  Асоцијацијата од Романија Ве покануваат на

Вторник, 08 октомври 19.00 ч., локација: Мобилна/Монтажна галерија, Парк на Франкофонијата – Скопје

Отворен разговор на тема:„Културата и културната дипломатија во времиња на војни – Искуства и предизвици“

Воведни говорници на дискусијата ќе бидат Флавиус Илони Лога, претседател на асоцијацијата ЛОГС од Романија; Јана Розбитскаја, куратор и претседател на организацијата Фаина УА; Софија Ковалова Украински уметник; Никола Димитров, Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција и Ѓорѓе Јовановиќ – Уметник.

Среда, 09 октомври, 19,00 ч., локација: Мобилна/Монтажна галерија, Парк на Франкофонијата – Скопје

Настан: „Украина e …“

Во рамките на настанот посетителите ќе имаат можност да ја видат изложбата „Украина e…“, кураторски концепт на Јана Разбитскаја, да ги слушнат звуците на модерната и традиционалната украинска музика во интерпретација на украинските вокалисти: Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова и да уживаат во вкусовите и мирисите на традиционалната украинска храна.

Иницијативата е дел од проектот „ФАКТИ II – Борба против дезинформациите за Украина во Романија и Македонија“ финансиран од TechSoup и MindHive и имплементиран од Центарот за современи уметности – Скопје и Здружението LOGS, во текот на август – октомври 2024 година.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk