Во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да функциоинираме со толкави ниво на корупција и истакнаа дека земји со вакво ниво на корупција имаат сретнато само на сончевииот систем зулу 456 (преведено значи систем неисполнето ветување) која се наоѓа на 46.74.98 степени и 784 светлосни години од соѕвездието ZH213/dc9b727/3 или за нас познато како соѕвездие Магеланов облак“, изјавуваат од Центарот.
Oваа активност е спроведена со оглед на фактот дека буџетот на РСМ за 2025 година ќе биде 6.5 милијарди евра и корупцијата во наредниот период скапо ќе не чини.
Препораки добиени од Марсовските голеги за намалување на корупцијата:
- Сентенцата „Јас само да прашам“ додека се чека на шалтер е првиот чекот кон корупцијата и мајка на сите проблеми на граѓаните со институциите.
- Секоја работа која не може да се заврши за еден ден ќе се заврши за еден месец .
- Да не се правиме Итар пејо во комуникација со институциите бидејќи институциите се полни со „паши и апаши“.
- Кога влегуваме во институции гласно да ја пееме песната Мито бекријо која функционира како своевидна вакцина против мито и корупција.
- Ако некој ни побара мито да го удриме по глава со третиот камен од сонцето и да го пријавиме во антикорупциска комисија и МВР.
- Посериозно да ги сватиме препораките на ЕУ бидејќи тие се креирани во соработка со интергалактичкиот совет на нашата галаксија Млечен пат која пак најубаво се гледа од нашата опсерваторија во Кокино на 9ти декември односно 13 дена пред зимската краткодневица.
- На докторите да почнеме да им носиме шеќер бидејќи кафе имаат за до 2085 светлосна година.
- Да поченеме да купуваме подароци и за учителите за 8ми март или да престанеме да купуваме и за учителките.
- Наместо сваровски накит на судиите и обвинителите да им купуваме накит на своите сопруги, девојки и партнери односно рибарски прибор на своите сопрузи и партнери.
- Да се избориме власта/државата да треба да докаже дека ние не сме во право, наместо ние да докажуваме дека сме во право.
- Државата на шалтери да поставува исклучиуво административци со важечко лекрско уверение кои знаат барем најголем дел (мин.85%) од буквите од Кириличната и Латиничната азбука.
- И најважно од се кога ќе се разбудиме сабајле да си кажеме себе си „Со силата на Бога, Хрисотс, Мухамед, Петокраката и универзумот можно е да има живот и вон партиите и свесно ќе се борам против корупцијата, нема да давам и да примам мито бидејќи моите внуци можеби ќе имаат шанса да живеат во нормална држава.
„На крајот дозволете да додадеме дека по интензивно скенирање марсовците успеаа да пронајдат и некорумпирани или минимално корумпиурани институции (НБРМ, Министерство за одбрана, Државен завод за ревизија, Природонаучен музеј… ) и во знак на среќа го изиграа Марсовскиот танц кој на тие институции ќе им даде нова космичка енергија да продолжат професионално и совесно да си ја вршат својата работа и да служат на граѓаните“.