
Уметничка акција – поставена на неколку локации во Скопје, односно на Битпазар со поглед кон
пазарот и булеварот, како и на јужната фасада на ГТЦ.
Авторот Ѓорѓе Јовановиќ во своето најново дело ја истражува моќта на дезинформациите кои, не
само што ги искривуваат фактите, туку и ја обликуваат перцепцијата на луѓето и на цели заедници, терајќи ги да живеат во лага предизвикана од доминацијата на погрешни информации.
„Во времиња кога лагите се шират побрзо од вистината, а вистинските вредности сè потешко
доаѓаат до израз, авторот испраќа јасна порака: секој треба да придонесе во борбата против
лажните вести на свој начин. Во неговиот случај – преку уметноста. Централниот дел на делото е
монументален цртеж на платно со должина од шест метри, на кое доминира моќно ‘чудовиште’ –
симбол на лажните вести. Ова суштество расте и се храни од лажни вести и дезинформации, ја
задушува вистината и ги заслепува граѓаните. Делото го претставува моментот кога човекот престанува да ја гледа вистината, го губи капацитетот за правилно расудување и станува марионета во рацете на креаторите на лажните вести. Оваа уметничка акција не е само уметничко дело и визуелно сведоштво, туку и повик за будење“.
Преку акцијата сакаме да ги поттикнеме граѓаните критички да размислуваат, да се спротивстават
на дезинформациите и да ја бараат вистината, без разлика, како што велат, колку е тешка за
прифаќање.
„Всушност чудовиштето од насликаната акција е силна метафора за опасностите кои нè демнат
ако ја изгубиме способноста за независно и критичко размислување. Затоа преку оваа акција
сакаме да ги повикаме граѓаните да не дозволат да бидат дел од масата која слепо верува, туку да
ги отвориат очите и да се борат за вистината“.
Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од
Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.