Beauty Spot 3 е ликовна изложба на која се изложени 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжеток на претходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти претставени на изложбите Beauti spot I и Beauti spot II. Секоја слика има различна претстава на темата со ново искуство доживување и енергија.
Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година, завршува правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба BEAUTY SPOT во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa BEAUTY SPOT II во 2022 година во галерија КСП Центар Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжеток на предходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба ,,ФОРМИ НА СИСТЕМОТ’’ – дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се престави со слики, инсталации, склптура и видео проекција кои имаа за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.
На својата четврта самостојна изложба при Центарот за современи уметности -ЦСУ во 2024 година презентира слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените и отселените граѓани од државата како критицизам за постоечката економскосоцијална состојба во државата како причина за миграција.













