Јелена Белиќ – Синило, самостојна изложба на цртежи и промоција на арт книга

За изложбата пишува Горан Стојчетовиќ.

“ Многу ми е драго што Јелена ме покани да напишам текст за нејзината прва самостојна изложба на цртежи СИНИЛО, која покрај големиот квалитет, носи и силна потврда за постоењето на едно посебно творечко јадро во секој човек на планетата. Имено, цртежот што настанува од таквото јадро го нареков „длабински цртеж“. Длабинскиот цртеж опфаќа едноставен систем на цртачки техники кои се применуваат во однос на моменталните асоцијации, психосоматските реакции и миговите на свесни увиди на поединецот додека црта. Мислам дека процесот на длабински цртеж е најблиску до изворот на природните психички механизми кои создаваат соништа, визии, фантазии и халуцинации. Тој ги опфаќа импулсите од несвесните визуелни содржини на психата правејќи ги корисни за поединецот така што го фокусира на неговите реални творечки потенцијали и извори на енергија. Длабинскиот цртеж на тој начин е пат по кој поединецот ја гради својата слобода низ постојано ослободување, чекор по чекор, паралелно развивајќи ја и цртачката вештина.”

Јелена Белиќ, родена 1985 г.во Гостивар. Дипломиран инжињер архитект на тема Стратегии за обнова на македонското село на Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје.

СЕЛЕКТИРАНИ ИЗЛОЖБИ / ПУБЛИКАЦИИ / ПРОЕКТИ ▪ Декември 2024 – Учесник на фестивалот “Под земја полесно се дише”, со делото “Шума” – лумен принтови, гаражите под плочник, Скопје. ▪ Ноември 2024 – Самостојна изложба на фотографии “Постоиш ли Алиса?”, локација Музеј на Македонија, Скопје. ▪ Септември 2024– Групна изложба на колажи и книга во сито печат “Ненаситни” во АКЦ Медика Загреб, како дел од колективот на Партизанска штампа. ▪ Април 2024– Групна изложба на колажи и книга во сито печат “Ненаситни” во Улична галерија Белград, како дел од колективот на Партизанска штампа. ▪ Ноември 2023 – Групна завршна изложба на фотографии на Фестивалот за алтернативна фотографија Зрно 2023, локација КИЦ, Скопје ▪ Октомври 2023 – Групна изложба на графики во сито печат“Turbulator” Новодоба фестивал, локација Кула Цетинска, Белград, Србија, како дел од колективот на Партизанска штампа. ▪ Септември 2023 – Групна изложба на графики во сито печат “Fatal Error” во Веспрем, Унгарија, во организација на Партизанска штампа (ЗКУ Колектив Ветерница). ▪ Јули 2023 – Коавторка на книга-експонат на лумен принтови “Светлозаписи”, во соработка со Анета Попова ▪ Мај 2023 – Групна изложба на алтернативни фотографии“Кон сонцето!”со членовите од тимот на Фестивалот за алтернативна фотографија Зрно, локација Магаза, Битола ▪ Мај 2022 – Кураторка во соработка со Јоана Ристеска, на фанзинот “На пример” со наслов “Гледано лочче не зоврива”, издание на Партизанска штампа ▪ Декември 2021 – Групна изложба на цртежи и промоција на книга “Кошмари и соништа” во сито печат во организација на Партизанска штампа (ЗКУ Колектив Ветерница), локација КСП Центар-Јадро, Скопје ▪ Мај 2021 – Самостојна изложба на фотографии “С(о)гледување” во Буква на фестивалот Арт Ареа ,Скопје ▪ Март 2021 – Групна изложба на графики Партизански дневник, дел од колективот на Партизанска Штампа , Улична галерија, Белград ▪ Септ. 2020 – Дел од групна изложба на фотографии во MКЦ на фестивалот Друга приказна, Скопје ▪ Феб.2012 – Публикација во Reclaiming the City – Architecture and the City in SE Europe Thessaloniki 2012; Универзитет Св. Кирил и Методиј, Архитектонски факултет – Скопје, Македонија

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk