Викторија и Орхан Ќамилов, „МЕТАМОРФОЗИ” – Изложба на слики

Метаморфозата во визуелната уметнoст, како и метаморфозата на еден уметник, е проследена со низа од процеси на себе-истражување, истражување на околината и она што е применливо во творештвото, себе-преиспитување и преиспитување на природата, која еден уметник го опкружува.

Како природен циклус проследен со одредени видови на фази или стадиуми, оваа изложба произлегува од принцип на микро-макро организми, совршено дефинирани форми кои во себе ги носат сите мали детали на она што е надвор од перфекцијата, она што „големата слика”, или, „големото огледало”, го сочинува.

Оваа изложба, гледајќи ја како „големата слика” е сместена во една композиција на совршени, геометриски форми (круг, квадрат; како што се носачите), споени со природните, органски форми и детали кои излегле од својата совршеност и се претопуваат во сопствената корупка преку микро-деталите или преку атомите, кои полека се разложуваат или спојуваат. Од друга страна пак, во контекст на „големото огледало”, оваа изложба огледува еден фрагмент од природата во нас и космичкото, кое како портал поминува низ нас. Она што уметниците, преку своето творештво го прават, е спојување на нови концепти за да произведат нов живот,

Викторија Митева, родена1996 г. во Кочани, РС Македонија. Дипломирала на Факултет за ликовни уметности – Скопје (сликарство со модул конзервација и рестарација) 2020 г. во класата на проф. м-р Слободанка Стевческа.

2022 – Изложба на слики „Метаморфози”, НУЦК „Бели мугри”, Кочани

2020 – Прва самостојна изложба „Конструктивна мемориска свест”, НУЦК „Бели мугри”, Кочани

2019 – Групна изложба „21st Street” MC Gallery, Њујорк

Орхан Ќамилов, дипломирал на Факултет за ликовни уметности (графички техничар) во класата на проф. Костадин Танчев – Динка.

2022 – Изложба на слики „Метаморфози” , НУЦК „Бели мугри”, Кочани

2021 – Мултимедијална изложба „Од другата страна на огледалото”- НУЦК „Бели мугри”- Кочани; заеднички проект со Катерина Соколова.

Во период од 2008 до 2016 има реализирано изложби во Букурешт, Солун, Венеција, Бугарија и Романија.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk