Локална иницијатива: „Денови на заедничарење“

(29 мај – 5 јуни 2026 год.)

Локалната иницијатива „Денови на заедничарење“ беше дел од проектот „Три години Под отворено небо“ кој го спроведе Здружението „ДЕЦЕНТРАЛА – Велес“.

Состојба пред (горе) и после (долу)

Локална граѓанска иницијатива беше посветена на просторно унапредување на галеријата „Под отворено небо“, по повод нејзиното тригодишно постоење. Галеријата е поставена на ѕидот на детската градинка „Бамби“, свртен кон плоштадот „21 Август“ – централна точка на секојдневен живот на локалното население.

Проектот се реализираше во периодот април – јуни 2026 год. и опфаќаше неколку поврзани активности: подготвителна фаза за координација, дефинирање на концепт и логистика; неколкудневна работилница „Денови на заедничарење“ во која се реализираа физичкото унапредување на просторот; и промотивни активности кои течеа низ целиот проектен период.

Работилницата претставуваше централен и највидлив дел од проектот, во која се реализира физичкото унапредување на галерискиот простор. Иницијативата, иако насочена првенствено кон жителите на н. Чашка, ги надмина очекувањата. Во текот на целокупното траење на работилницата проциркулираа околу 15 волонтери: жители и поранешни жители кои се отселиле од Чашка, велешани, битолчани, средношколци и локалци кои придонесуваа колку им дозволуваше времето.

Унапредениот галериски простор во Општина Чашка доби трајни интервенции кои го подобруваат визуелно, функционално и програмски, создавајќи услови за поквалитетно и разновидно изложување, вклучително на тродимензионални дела.

Проектот ги исполни сите зацртани цели и претставува модел за тоа како грѓанското волонтерство, самоорганизација и локална ангажираност можат да се претворат во трајна културна вредност за руралната средина. Трајните просторни интервенции ги зачувуваат темелите за долгорочна одржливост на галеријата и нејзиното понатамошно функционирање во општина Чашка.

Локални културни иницијативи во зедниците е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонда и се спроведува од Центар за современи уметности –Скопје преку проектот “Креативни заедници”  . Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk