Видеото е снимано 226 дена во Овоштарникот на Даниел Марџиев во атарот на с. Пирава, Валандово
Калинка (Punica Granatum)
Калинката со векови е симбол на плодноста и изобилието, она што порано биле митови за нејзината благотворност денеска го потврдува современата наука. Античкиот симбол на плодноста и изобилието денеска е симбол на здравата храна и лековитост на овошјето.
Калинката е овошје на стариот свет кое потекнува од меѓуречието на Месопотамија и уште од предисторијата е населено во Медитеранот и на нашите простори.
Во РС Македонија калинката е најзастапена во Јужните делови, во регионот на Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран. За многумина од Валандовско/Богданскиот регион и денес калинката претставува симбол на плодноста, изобилието и домаќинлакот .
Снимател: Даниел Марџиев
Монтажа: Дарко Новевски
Продукција: Центар за современи уметности – Скопје 2020