29, 30 и 31 декември 2021
„Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна урбана акција, за граѓаните на Скопје која имаше за цел да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци.

Новогодишно украсената „Лада нива“, се возеше низ градот и им делеше новогодишни пакетчиња на децата од улица и други ранливи категории, за некои од останатите деца имаше и по еден скромен примерок на приказната „Девојчето со ќибритчињата“ од Ханс Кристијан Андерсен, „преку оваа тажна приказна сакаме да се поттикне нивната хуманост и солидарност и она што го имаат доколку се во можност да го споделат со своите врсниции и другарчиња кои немаат доволно“.




Акцијата е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.