Урбана акција: Златен бензин

11 Јуни 2022 год.

„100.000 граѓани – доставувачи, дистрибутери, таксисти се директно зависни од цената на горивата. Со оваа акција сакаме да ги потсетиме надлежните дека со укинувањето на мерките за намалување на цените на горивата македонските граѓани мака мачат да ги извршуваат секојдневите обврски“. Преку златен канистер за горива брендиран со логоа на скапи парфеми, активистите посочија дека цените на бензините и нафтените деривати се вивнаа во небо.
– Како се одвиваат работите, ќе се увериме дека само небото е граница. Последните неколку недели граѓаните на Македонија, но и пошироко плаќаат за еден резервоар повеќе отколку што на берзите чини еден грам злато. Многумина се прашуваат дали во резервоарите точиме виски, парфем или гориво. Акцијата златен бензин е само почеток на низа акции што ќе бидат посветени на енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните.
– Се надеваме дека преку овие акции и ние уметниците заедно со синдикатите и работниците ќе влијаеме на владата да ги заузда цените кои одат кон небесата. Ако не обездбедува развој, барем да обезбеди преживување за граѓаните.

Share this article:
Share on facebook
Share on twitter
Share on telegram
Share on whatsapp
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk