Автор: Маја Танева
иноксни нерѓосувачки челични нитки со димензии 200см х 100см, и поставена на постамент од бел мермер со димензии 200см х 100см х 130см.
Поставувањето е реализирано во соработка и одобрување на Општина Кавадарци Скулптуралната инсталација Грозд е посветена на грозјето и лозарите од Тиквешкиот регион без чија што мака и пот не би можеле да ги вкусиме прекрасните вкусови на најдобрите македонски вина ниту да ги замислиме радоста, љубовта, тагата или болката кои најчесто се залиени со Тиквешките вина и ракија.
Скулптурата е посветена на сите оние кои ги грижливо ги чуваат традициите на одгледувањето винова лоза наследени од предците оставајќи ги аманетите и тајните на лозарството на наредните генерации.
Оздола идат винари, винари бело граѓани… одекнуват стиховите во најпознатата македонска песна “Билјана платно белеше” но малкумина всушност го разбираат нивното значение. Самиот стих винари – бело граѓани всушност јасно укажува на најдоброто виногорие во Македонија односно говори и за микрорегионот на месноста/тоипонимот „Бел Град“ во Тиквешкиот регион во близина на локалиотетот Дисан, место каде со векови уште од римскиот период се одгледувале најдобрите сорти и се добивало најквалитетното винско грозје. И денес милениуми подоцна локалитетот дисан и меснонста Бел Град, Бела вода не престануваат да бидат испирација за најдобрите вина и винари од Тиквешијата.
Ако во математиката се алфа и омега во тиквешијата се бело и црно – грозје секако. Од кога е векот од тогаш е и грозјето неретко ќе кажат во тиквешијата, за нив грозјето е се. И мака и радост и тага и пот и солзи и и смеа. Гледано од емпириска гледна точка самиот грозд дава повеќе симболики, од една страна гроздот и грозјето зборуваат за благодет и изобилие ги слават дионис и свети Трипун но истовремено гроздот е симболна заедништво, на поврзаност и на сплотеност. Големите зрнца однадвор на гроздот ги штитат помалите во неговата внатрешност, а токму пак тие помалите зрна се оние најслатките они кои го даваат шеќерот и кои ги испуштаат аромите кои ги дефинираат сортите на грозјето и вкусовите на неговите дестилати.